skip-to-main-content

FAQ

Општо

Кој го поседува MG?

MG е еден од автомобилските брендови на SAIC Motor со седиште во Шангај. SAIC Motor произведува над 7 милиони автомобили годишно, заземајќи го седмото место во светот на производителите на автомобили. За повеќе информации за нашата матична компанија, посетете ја веб-локацијата на SAIC Motor saicmotor.com.

За SAIC Motor Corporation Limited

SAIC Motor Corporation Limited (SAIC Motor) е најголемата автомобилска компанија во Кина. MG е еден од автомобилските брендови на SAIC Motor, чие седиште е во Шангај. Компанијата активно се залага за возила со нова енергија и за комерцијализација на возила поврзани со интернет, како и за истражување и други нови револуционерни технологии. SAIC Motor произведува над 7 милиони возила годишно, со што е седми производител на автомобили во светот.

Каде се наоѓа вашето седиште?

Европското седиште се наоѓа во Амстердам, Недерланд.

Производ

Каде можам да извршам пробно возење?

Пробно возење може да се закаже на нашите веб-локации за секоја земја одделно.

Каде можам да најдам информации за лизинг или купување на MG?

За информации за лизинг или купување на возилото, ве молиме да ја посетите веб-локацијата за вашата земја.

Детали и спецификации за MG MARVEL R

Детали за MG MARVEL R може да се најдат на https://www.mgmotor.mk/model/marvel-r

Детали и спецификации за MG5 Electric

Детали за MG5 Electric може да се најдат на https://www.mgmotor.mk/model/mg5

Детали и спецификации за MG HS Hybrid+

Детали за MG HS Hybrid+ може да се најдат на https://www.mgmotor.mk/model/hs-hev

Детали и спецификации за MG ZS Hybrid+

Детали за MG ZS Hybrid+ може да се најдат на https://www.mgmotor.mk/model/zs-hev

Детали и спецификации за MG3 Hybrid+

Детали за MG3 Hybrid+ може да се најдат на https://www.mgmotor.mk/model/mg3-hev

Детали и спецификации за MG HS

Детали за MG HS може да се најдат на https://www.mgmotor.mk/model/hs

Детали и спецификации за MG ZS

Детали за MG ZS може да се најдат на https://www.mgmotor.mk/model/zs

Детали и спецификации за MG3

Детали за MG3 може да се најдат на https://www.mgmotor.mk/model/mg3

Каде можам да најдам информации за идните производи?

Сите информации за идни производи ги објавуваме преку нашиот билтен, а исто така и на каналите на друштвените медиуми. Следете нѐ на Facebook, X, Instagram, LinkedIn, YouTube или TikTok.

Технички

Каде можам да најдам информации за сервисирање на мојот MG?

За информации за сервисирање, ве молиме да ја посетите веб-локацијата за вашата земја.

Гаранција

Колку трае мојата гаранција?

По првата регистрација, MG покрива 60 месеци за возила кои се регистрирани пред 01.01.2021г, а 84 месеци за возила регистрирани на 01.01.2021г. или по овој датум.

Постојат ли услови за да важи гаранцијата?

Да, за да се квалификува за гаранција од MG, возилото мора да има целосна и прецизна сервисна историја согласно со распоредот на сервисирање што е препорачан од MG, користејќи делови и течности според спецификацијата за Оригинална опрема (OE). За повеќе детали, ве молиме да ги прочитате Изјавите за гаранција.

Дали некои делови доаѓаат со гаранција?

Да, MG дава 24-месечна гаранција на неограничена километража за оригинални резервни делови од MG, освен ако не е поинаку наведено во Исклучоци од гаранцијата. Само оригиналните делови од малопродажната листа на MG, продадени од овластен пункт на MG се предмет на одговорност на MG за целите на гаранцијата.

Како гаранцијата ги покрива главните компоненти на возилото?

MG Motor обезбедува гаранција во времетраење од 84 месеци или 150,000 km (она до кое ќе дојде прво) за пакетите со високонапонски батерии, погонскиот мотор, електронскиот претворувач (PEB) и единицата за контрола на возилото (VCU) како дел од клучните компоненти на возилата на „нова енергија“.

Ако го користам мојот MG за приватно изнајмување, како функционира гаранцијата?

Политиката на гаранцијата за електрични и хибридни возила кои се користат за приватно изнајмување (на пр. такси) е 3 години или 100.000 Km (она до кое ќе дојде прво). Ова ограничување ги опфаќа и високонапонските компоненти на погонскиот склоп и високонапонската литиум-јонска батерија.

Кога ќе го продадам автомобилот, дали гаранцијата на MG се пренесува на новиот сопственик?

Да, гаранцијата може да се пренесе на новиот сопственик ако не е истечена.

Каросеријата на моето возило има перфорација од корозија, дали гаранцијата го покрива тоа?

Гаранцијата против перфорација го покрива возилото против перфорација поради корозија во период од 7 години. За да се задржи гаранцијата, возилото мора еднаш годишно да биде проверено од страна на овластен сервисер на MG додека трае гарантниот период. Мора да се пополни формулар за годишна инспекција од гаранцијата на MG за заштита од корозија и да се стави печат во сервисната документација за заштита од перфорација. Сите поправки мора да се извршат според стандардите кои се прифатени од страна на сервис за поправка на каросерии кој е овластен од MG.

Ако возилото се расипе во странство (надвор од мојата држава), дали гаранцијата ги покрива трошоците?

Да, MG Motor дава гаранција за цела Европа, која важи во сите земји што имаат сервиси кои се официјално овластени од MG.

Помош на пат

Кога почнува да важи услугата MG Помош на пат?

Услугата MG Помош на пат почнува да важи од датумот на првата регистрација.

Што покрива услугата MG Помош на пат?

Услугата важи за возило на MG кое е имобилизирано поради технички или механички дефект. За повеќе детали, ве молиме да ги погледнете Изјавите за помош на пат.

Што не е опфатенот со услугата MG Помош на пат?

MG Motor Europe не организира и не обезбедува помош во некои ситуации како што се сообраќајни незгоди во кои возилото е онеспособено. За повеќе детли, ве молиме да ги погледнете Изјавите за помош на пат.

Кога барам помош на пат, кои информации ќе треба да ги дадам?

Ако барате помош од MG, ве молиме да ги обезбедите следните информации кога ќе ни се јавите: вашето име, телефонски број за контакт, број на регистарски таблички, модел и боја, адреса, природата на дефектот и точна локација.

Ако е потребна помош на пат за мојот MG, дали е задолжително јас да го возам автомобилот?

Ne, услугата MG Помош на пат е дизајнирана да ги задоволи потребите на MG возило кое има дефект без оглед на тоа кој вози.

Во кои држави важи услугата Помош на пат?

Услугата важи во повеќето земји во Европа. За повеќе детали, ве молиме да погледнете во Поглавје 2 од Изјавите за помош на пат.

Колку долго важи услугата за помош на пат?

MG Помош на пат почнува да важи од датумот на првата регистрација и трае 12 месеци. Услугата може да се продолжува до 7 години.

Како можам да ја обновам или продолжам услугата Помош на пат во втората година?

Услугата секојпат се продолжува до 12 месеци по последното одржување извршено во официјален сервис на MG според планираниот интервал за сервисирање, како што е опишано во делот MG Сервисирање. Продолжувањето на програмата е бесплатно.

На кој број треба да се јавам кога го возам мојот MG во странство?

Ве молиме да се јавите на бројот во државата во која сте го регистрирале вашиот автомобил. Ако државата не е наведена на списокот на нашата веб-локација, ве молиме да се консултирате со вашиот трговец со MG за повеќе информации.

Делови и додатоци

Каде да добијам информации за додатоците за MG?

Трговецот со MG возила е специјалист за додатната опрема. Тој може да ви обезбеди информации во пишана форма, како и лични консултации. Делот за додатоци за MG на нашата веб-локација исто така нуди многу интересни информации на оваа тема.

Ko je vlasnik brenda MG?

O kompaniji SAIC Motor Corporation Limited

MG marka vozila

Gde je vaše sedište?

Gde mogu da obavim test vožnju?

Gde mogu da pronađem informacije o kupovini ili leasingu vozila MG?

Karakteristike i specifikacije vozila MG ZS EV

Karakteristike i specifikacije vozila MG EHS Plug-in Hybrid

Karakteristike i specifikacije vozila MG MARVEL R Electric

Značajke i specifikacije vozila MG5 Electric

Gde mogu da dobijem informacije o budućim proizvodima?