MG5
Електричен
400 km
WLTP досег
1367 l
багажен простор
MG Pilot
Помош за возачот
MG iSMART Lite
Систем за поврзување
MG5 Electric е дел од нашата втора генерација целосно електрични автомобили. Моделот комбинира комотен досег со можност за брзо полнење и атрактивна цена.
400km
WLTP досег
Втора генерација со 8 слоја
Мотор со статорска намотка во U-форма
11kW трофазна
Побрзо полнење
Електрификација
Опуштено со доволно моќ
Зголемен досег со најновата генерација мотори и батериски пакет.
Голем модул од ќелиски пакети
MG5 користи големи модули од ќелиски пакети, што ја зголемува силата на батерискиот пакет и исто така ефикасно ја намалува тежината на батерискиот пакет за да се достигне идеалниот досег.
Електричен мотор
Најновиот електричен мотор на MG е опремен со технологија на 8-слојна статорска намотка во U-форма, што овозможува повисока ефикасност, повисока густина на моќност и поголема сигурност.
Полнење
Покрај зголемениот капацитет на батеријата, подобрен е и капацитетот на полнење. Вградениот трофазен полнач за 11 kW поддржува побрзо полнење на наизменична струја, а моќноста на полнење од 87 kW овозможува полнење до 80% за приближно 40 минути.
Перформанси
Иако MG5 не е дизајниран како спортски автомобил, може од 0-50 km/h да забрза за само 3,4 секунди! А, највисоката брзина што може да ја достигне е 185 km/h
Безбедност
Сеопфатна грижа
Целосна заштита на сите патници.
360°
Заштита на батеријата
MG Pilot
Автономно возење на второ ниво
Безбедност на батеријата
Целиот батериски пакет е подложен на ригорозни тестови за безбедност. По разни удари од кој било агол, пакетот ќе го прекине високиот напон во рок од милисекунди, заштитувајќи ја батеријата и избегнувајќи ризик од пожар.
Структура на каросеријата
Високата цврстина на каросеријата и сигурната технологија за заштита на батеријата ја гарантира сигурноста на патниците во кабината.
Активна безбедност
MG Pilot може да спречи и избегне можни незгоди и да постигне делумно автономно возење.
Пасивна безбедност
Понекогаш незгодите се неизбежни, но благодарение на цврстата структура на каросеријата на MG5 и шесте воздушни перничиња, патниците се максимално заштитени од тешки телесни повреди.
Повеќе камери и радари
Со повеќе сензори и камери се покрива и она што е надвор од визуелен опсег на човекот, со што се обезбедени и патниците и оние надвор од возилото.
Дизајн
Паметен дизајн
Кога ќе се електрифицира еден караван, станува освежително модерен.
Грациозен и елегантен
Стил на каросеријата на караванот
Светлосна завеса
Предни ЛЕД-светла
Едноставен ентериер
Со „Eco-Blue“ декорација
Дизајн на караванот
Караванот дава повеќе можности: големи набавки во текот на викендот, „направи сам“ од IKEA, место за милениците, професионална спортска опрема, кампување...
Елегантен дизајн на каросеријата
Средишниот дел нежно се бранува, но хоризонталната линија остава впечаток на издолженост и силни перформанси.
Полулебдечки Д-столб
Полулебдечкиот Д-столб ja покажува елегантната едноставност на автомобилот.
Светла на светлосната завеса
Светлосната завеса ја сочинуваат 80 единици од ЛЕД-светилки. Не само што ваквото осветлување е побезбедно, туку прави MG да предизвикува восхит во вечерните часови.
Едноставен ентериер со „Eco-Blue“ декорација
Декорацијата „Eco-Blue“ е присутна низ целата кабина за да поттикне чувство на нова технологија и нова ера. Едноставниот, но рафиниран ентериер со скриените отвори за климатизација создава чиста естетика.
УДОБНОСТ
Пријатно уживање
Секогаш уживајте во удобноста.
Насочено кон потребите на возачот
Лебдечки екран
Нулта-G
Седишта
Контрола на климатизацијата
Систем за климатизација
Информации и забава
Сосема новиот лебдечки екран од 10,25 инчи е навален налево и насочен кон возачот заради полесно ракување.
Подвижна соба за рекреација
Без загадувачки емисии, без бучава, без високи трошоци за гориво! Подвижен приватен простор за одмор со автоматскиот систем за контрола на климатизацијата со филтри за PM2,5 за да се обезбеди пријатна температура и прочистен воздух.
Нулта-G врвно удобно седиште
Кога ќе се сместите на седиштето со дополнителен слој пена од 20 mm и странични навлаки од 100 mm, го почнувате патувањето одморени. Загреаните седиште ќе ве топлат зиме.
10.25"
IPS HD екран
7"
Дигитална инструмент-табла
Технологија
Ново интелигентно искуство
Дигитализирана кабина со нов софтвер и хардвер.
IPS HD екран од 10,25 инчи
Сио лебдечкиот дизајн и најновата IPS технологија, екранот дава многу подобар приказ.
Дигитална инструмент-табла од 7 инчи
Во комбинација со моќта и брзината на прикажување на обете страни, може да создаде дигитална инструмент-табла од 7 инчи.
MG iSMART LITE
Систем за поврзување MG iSMART
Интелигентен мрежен систем кој интегрира комуникација меѓу автомобилот, интернетот и корисникот.
Подготвени ли сте да се поврзете со иднината?
Пред поаѓање
Апликацијата MG iSMART ви овозможува со притисок на едно копче брзо да го лоцирате вашето возило и да проверите дали е безбедно за возење. Покрај тоа, можете да го употребите далечинскиот управувач за да го поставите клима-уредот на пријатна температура уште пред да влезете во возилото.
Најдете го вашето возило
Утврдете го точното место на вашиот автомобил.
Дијагноза на статусот на возилото
Проверете го лесно статусот на вашиот автомобил и уверете се дека е безбеден за возење пред да појдете.
Далечинска контрола на апликациите
Вклучете го клима-уредот на однапред поставена пријатна температура во возилото.
Кога сте на пат
Откако ќе ја испланирате маршрутата, ќе ги добиете најновите информации за состојбата во сообраќајот, упатства за маршрутата и точно време на пристигнување. Покрај тоа, апликацијата ќе ви ги каже и сите интересни нешта кои не би сакале да пропуштите во текот на патувањето.
Навигација
Најдете ја вашата маршрута со различни опции.
Информации за визуелизација на досегот и мрежа на станици за полнење на вашата маршрута.
Нема повеќе грижи за досегот - имајте информации за досегот и станиците за полнење кои се на вашата маршрута.
Кога сте на пат
И кога сте во движење, останете поврзани со Apple CarPlay или Android Auto, кои ги пренесуваат сите функции од вашиот телефон до централниот екран на допир во вашиот автомобил. Не заборавајте да ја зачувате вашата омилена DAB + радиостаница во апликацијата - ќе ве потсети кога ќе почне вашата омилена емисија.
DAB+
Зачувајте ја вашата омилена станица и MG iSMART ќе ве потсети за да не ја пропуштите вашата омилена програма,
Apple CarPlay и Android Auto
Поврзувањето на паметниот телефон е лесно со вградените апликации Apple CarPlay или Android Auto.
Кога ќе пристигнете на вашата дестинација
Не се сеќавате дали го заклучивте автомобилот? Нема проблем. Со помош на апликацијата, можете да го отклучите и заклучите, а можете да го проверите и нивото на батеријата и досегот за вашето следно патување. Можете и да ја погледнете статистиката за возењето, вклучувајќи го и податокот колку CO2 сте заштедиле со тоа што користите целосно електричен погон.
Заклучете го и отклучете го автомобилот
Не сте сигурни дали го заклучивте автомобилот? Направете го тоа лесно со помош на апликацијата.
Поставете планирано полнење
Сакате да ја искористите пониската тарифа на струјата ноќе? Не заборавајте да поставите планирано полнење.
Проверка на статистиката за статусот на возилото
Проверете го нивото на батеријата и досегот за вашето следно патување.
Простор од 1367L
во багажникот
Возилото како извор на полнење
Подвижен полнач
500kg
Капацитет за влечење
Практична употреба
Направен за работа или слободно време
Дизајниран е за секојдневен живот, но во никој случај не е обичен.
Голем багажен простор
Уникатен дизајн на каросеријата на караванот, со голем багажен простор и повеќе флексибилност.
Седишта на преклоп 40/60
Зависно од тоа како сакате да го користите багажникот, можете да изберете дали ќе ги спуштите седиштата или не.
Многу места за чување предмети
До 27 места за разни предмети, сите на дофат на возачот и патниците.
Функција на возилото како извор за полнење
Максимум 2200 W излезна моќност, подготвена да наполни кој било друг уред, како што е воздушна пумпа за вашиот душек за кампување или електричната скара за вашиот излет на отворено.
Влечен капацитет од 500 kg
MG5 има одобрен влечен капацитет од 500 kg. Така можете, на пример, да превезете сѐ што ви треба за викенд во една мала приколка.
Оптоварување на покривот од 75 kg
Тоа значи уште повеќе простор ако одите на подолго патување! Ставете ги сите работи на покривот, како, на пример, електричните велосипеди.
Comfort
Електричен MG5
- Бандажи од 16 инчи
- Платнени седишта
- MG iSMART Lite
- Шест звучници
- Задна камера
- MG Pilot
- Предни ЛЕД-светла
- Возилото како извор за полнење
Luxury
Електричен MG5
- Бандажи од 17 инчи
- Седишта од вештачка кожа
- Надворешен ретровизор со автоматски преклоп
- Сензор за дожд
- Камера од 360°
- Контрола на климатизацијата
- „Мрзлива“ брава
- Внатрешен ретровизор со автоматско затемнување
${selectedSpecs.configuration.title}
${selectedConfigurationTitle}
${specification[0].colorTitle}
${specification[0]}