MG MARVEL R
Електричен
402 km
WLTP досег
Со три мотори
AWD
MG iSMART
Систем за поврзување
288 PS
1,8s/ 0-50km/h
MG MARVEL R Electric е просторно, луксузно, компактно SUV возило. Создадено е за европските возачи кои ценат дизајн, луксуз и перформанси и е дел од нашата втора генерација целосно електрични возила. Со елегантниот спортски дизајн, MG MARVEL R Electric е спој од простран ентериер со футуристички екстериер. Кога ќе се земе предвид и дека е најбезбеден во својата класа, има нула емисии и исклучителен досег, добивате електричен автомобил кој е поинаков од сите останати. Добре дојдовте во тимот!
4.9сек.
0-100km/h
288 PS / 665 Nm
Три мотори, AWD
Три мотори, AWD
Максимална брзина
Перформанси
Балансирана моќност
Брзото забрзување не е единствениот квалитет на MG MARVEL R. Благодарение на спортскиот стил на шасијата и калибрацијата, нуди и големо уживање при возењето.
Три мотори, погон на сите четири тркала AWD
Со три електрични мотори и комбинирана моќност од 288 PS и 665 Nm, MG MARVEL R забрзува од 0-100km/h за само 4.9 seconds. Додајте ги на тоа режимот Sport+ зимскиот режим и подготвени сте за извонредно доживување.
iBooster
iBooster во разни ситуации може да обезбеди побрза реакција на системот за сопирање. Исто така, може да го подобри возењето со различни поставки на педалите.
Шасија со спортски стил
Целата шасија е калибрирана од страна на германскиот инженерски тим. Мостот е направен од алуминиумска легура, со што ефикасно се намалува тежината и се подобрува ракувањето и удобноста. Предното и задното оптоварување од 50:50 исто така совршено за справување со кривини.
ДОСЕГ
Возење со самодоверба
Заради максимален досег и перформанси, употребена е само најновата технологија за електрични возила.
402 km
WLTP досег
34% подобрување на густината на батеријата
Голем модул со пакет батериски ќелии
Мотор со статорска намотка во U-форма, со трансмисија со два степена на пренос
Ефикасно возење
Голем модул со пакет ќелии
MG MARVEL R користи голем модул со пакет батериски ќелии, со што ги зголемува и густината на енергијата во единица волумен и густината на енергијата по единица маса, а резултатот е подолг досег.
Електрични мотори
Сите електрични мотори на MG MARVEL R користат технологија со статорска намотка во U-форма, која е поефикасна од традиционалниот метод. Двата задни мотори работат одделно за да се обезбеди максимална ефикасност.
Полнење
Покрај зголемениот капацитет на батеријата, подобрен е и капацитетот на полнење. Вградениот трофазен полнач од 11kW овозможува побрзо полнење со наизменична струја и моќта на полнење до 90kW овозможуваат брзо полнење на батеријата до 80% за приближно 40 минути.
Трансмисија со два степена на пренос
Задниот мотор е поврзан со трансмисијата со два степена на пренос. Кога возилото се движи со висока брзина, трансмисијата може да се префрли во висок степен на пренос за да се подобри ефикасноста.
Пумпа за греење на клима-уредот
Во споредба со клима-уредите со нормален позитивен температурен коефициент (PTC), пумпата за греење може да ја подобри енергетската ефикасност за дури 50%, давајќи ви повеќе сигурност кога го возите автомобилот во зима.
Безбедност
Сеопфатна грижа
Кај MG MARVEL R се додадени нови функции за да зголеми безбедноста и на возачот и на патниците.
360°
Заштита на батеријата
Цврста структура
Лесна каросерија
MG Pilot
Делумно автономно возење на второ ниво
Безбедност на батеријата
Целиот батериски пакет е подложен на ригорозни тестови за безбедност. По разни удари од кој било агол, пакетот ќе го прекине високиот напон во рок од милисекунди, заштитувајќи ја батеријата и избегнувајќи ризик од пожар.
Висококвалитетна структура на каросеријата
Структурата е врвна по својата цврста, но сепак лесна каросерија. Се користи повеќе термално обликуван челик, алуминиумски легури и други композитни материјали за да се добие посилна и полесна структура.
Активна безбедност
Кај MG MARVEL R, MG Pilot ги вклучува и најновите функции: ELK (Итно задржување во лента) и DWS (Систем за предупредување за поспаност). Заедно со најновиот хардвер, сите функции можат да спречат и избегнат можни незгоди и да постигнат делумно автономно возење.
Пасивна безбедност
Понекогаш незгодите се неизбежни, но благодарение на цврстата структура на каросеријата на MG MARVEL R и седумте воздушни перничиња (вклучувајќи средишно перниче меѓу предните седишта), патниците се максимално заштитени од тешки телесни повреди.
Повеќе камери
Со повеќе сензори и камери се покрива и она што е надвор од визуелен опсег на човекот, со што се обезбедени и патниците и оние надвор од возилото.
Дизајн
Футуристички израз
MG MARVEL R усвои нов концепт на интелигентен електричен дизајн, заедно со сеопфатна надградба на надворешноста и внатрешноста.
Чувство на ритуал
Лесен израз
SUV Coupe
Стил на каросерија
"Stanford Torus"
Бандаж од 19 инчи
Тип на каросерија на Coupe
Нискиот покрив и мазните Ц-столбови се многу динамични и во предниот и во задниот дел на автомобилот. Каросеријата е навалена нанапред, со што нејзината пропорционалност е уште повпечатлива.
Извивање на средишната линија
Целата средишна линија благо се извива, а над тркалата има двоен лак од обете страни. Со нивната едноставност и рафинираност, овие елементи на дизајнот се спојуваат сосема природно.
Светлосна лента Universe LED
Низ предното лице се протега нежна и елегантна лента од светлина, која оди навнатре.
Интегрирано Matrix предно светло
Дизајнот е инспириран од вселенските воени бродови, со две светлосни ленти со правоаголни модули. Главното светло има сосема нова форма и нова поставеност.
Задно светло во форма на стрела
На задниот дел се протега светлосна лента, давајќи ефект на поголема ширина, а на краевите се проширува како крај на стрела. Насоката на „стрелите“ го наведува кон центарот, каде што се наоѓа логото.
КОМФОР
Премиум ентериер
Видливо или не - секогаш е висококвалитетно.
Аудиосистем Bose
9 звучници
Виртуелен педал
Електрична багажна врата
Седишта од напа
Со вентилација
Аудиосистем Bose
Тимот на Bose го примени своето професионално знаење и вештини за да изведе сеопфатна анализа на кабината на MG MARVEL R. Извршено е прецизно испитување на звучните ефекти и балансирање за да се произведе звук со кој ќе имате чувство дека сте на концерт и вистински ќе ја почувствувате музиката.
Тенки отвори за вентилација
Незабележливите отвори за вентилација се долги 900mm и интегрирани се во централната контролна единица. Опремени се со 4 сета интелигентни вентилатори, чии лопатки можат да го контролираат аголот на дување во зависност од температурните промени. Покрај тоа, системот за прочистување на воздухот ги задржува штетните честички, како што е поленот и некои вируси за да го одржи чист и здрав воздухот во кабината.
Режим за добредојде
Врвното доживување почнува од моментот кога ќе му се приближите на возилото. Скриената рачка на вратата ќе се појави, а седиштето ќе ја заземе положбата за возење откако ќе се вклучи напојувањето.
Електрична багажна врата со виртуелен педал
Едноставно поставете ја ногата во виртуелниот педал под багажната врата и таа ќе се отвори.
Панорамски покрив
Каде и да одите, отворете го за да влезе свеж воздух и да го почувствувате сонцето на вашата кожа.
Извонредни перформанси на NVH
95% обложен со материјал за звучна изолација против NVH (бучава и вибрации), вклучувајќи и двослојно стакло со звучна изолација. Кога е тивко, како да сте во тивка концерта сала. Кога има музика, звучните бранови ќе ви донесат врвно уживање во возењето.
Премиум седиште
Седиштата се изработени од кожа Bader Nappa, имаат спортски дизајн, како и функции за греење и проветрување. Технологијата на вертикално полнење од пена со двојна цврстина исто така ја подобрува распределбата на притисокот кога седите.
Амбиентални светла
Амбиенталната расвета „Aurora“ со 64 бои може да ја трансформира атмосферата во автомобилот, а може и да реагира на ритамот на вашата музика.
19.4 инчи
Екран на допир со стакло Corning Gorilla
12.3 инчи
Дигитална инструмент-табла
Бежичен полнач
За паметни телефони
Технологија
Дигитализирана кабина
Целосно дигитална и поврзана за подобро возачко доживаување и интелигентна интеракција
Екран на допир од 19,4 инчи
Целиот екран е направен од стакло Corning Gorilla, со виртуелни и вистински копчиња на екранот за ракувањето да биде побезбедно и поефикасно.
Дигитална инструмент-табла од 12,3 инчи
3 различни области ги прикажуваат сите потребни информации, а можете да внесете и поставки по желба за сите услуги.
Бежичен полнач
Наполнете го вашиот паметен телефон во секое време.
MG iSMART
Систем за поврзување MG iSMART
Интелигентен мрежен систем кој интегрира комуникација меѓу автомобилот, интернетот и корисникот. Подготвени ли сте да се поврзете со иднината?
Пред поаѓање
Апликацијата MG iSMART ви овозможува со притисок на едно копче брзо да го лоцирате вашето возило и да проверите дали е безбедно за возење. Покрај тоа, можете да го употребите далечинскиот управувач за да го поставите клима-уредот на пријатна температура уште пред да влезете во возилото.
Најдете го вашето возило
Утврдете ја точната локација на вашиот автомобил.
Дијагноза на статусот на возилото
Лесно проверете го статусот на вашиот автомобил и дали е безбеден пред да појдете.
Планер на маршрута
Испланирајте го патувањето однапред и синхронизирајте ја маршрутата со возилото.
Далечинска контрола на апликациите
Вклучете го клима-уредот за однапред да поставите пријатна температура во возилото.
Кога сте на пат
Откако ќе ја испланирате маршрутата, ќе ги добиете најновите информации за состојбата во сообраќајот, упатства за маршрутата и точно време на пристигнување. Покрај тоа, апликацијата ќе ви ги каже и сите интересни нешта кои не би сакале да пропуштите во текот на патувањето.
Поврзана навигација
Добивајте информации за состојбата во сообраќајот во реално време, точна маршрута и проценето време на пристигнување.
Најдете онлајн сѐ што ве интересира
Најдете сѐ што би сакале да видите во текот на патувањето.
Информации за визуелизација на досег и станици за полнење
Нема повеќе грижи за досегот - имајте информации за досегот и станиците за полнење кои се на вашата маршрута.
Кога сте на пат
Нема потреба да се грижите за досегот - видете во реално време уште точно колку пат можете да поминете, како и информации за станиците за полнење на вашата маршрута.
Amazon Prime music
Најавете се на вашата корисничка сметка на Amazon Prime за да ги слушате најновите песни на вашите омилени музичари.
DAB+
Зачувајте ја омилената станица и MG iSMART ќе се погрижи да не ја пропуштите омилената емисија.
Hotspot
На патниците им се потрошил мобилниот интернет? Нема проблем, можат да го користат интернетот на возилото и да останат поврзани.
Кога сте на пат
Останете поврзани и кога сте во движење со Apple CarPlay или Android Auto, кои ќе ги пренесат сите функции од вашиот телефон на централниот екран на допир во вашиот автомобил. И не заборавајте да ја зачувате вашата омиена DAB+ радиостаница во апликацијата - ќе ве потсети кога почнува вашата омилена емисија.
Временска прогноза
Проверете ја временската состојба во областа каде што се наоѓате или каде што одите.
Гласовна контрола
Уживајте во слободата со можноста за контрола на музиката, навигацијата, телефонот и возилото без да ги употребувате рацете.
Apple CarPlay и Android Auto
Со вградениот Apple CarPlay или Android Auto, поврзувањето на паметните телефони е лесно.
Кога ќе пристигнете на вашата дестинација
Не се сеќавате дали го заклучивте автомобилот? Нема проблем. Со помош на апликацијата, можете да го отклучите и заклучите, а можете да го проверите и нивото на батеријата и досегот за вашето следно патување. Можете и да ја погледнете статистиката за возењето, вклучувајќи го и податокот колку CO2 сте заштедиле со тоа што користите целосно електричен погон.
Заклучете го и отклучете го автомобилот
Не сте сигурни дали го заклучивте автомобилот? Направете го тоа лесно со помош на апликацијата.
Аларм
Ако дојде до некакви неправилности, ќе биде испратена порака до возилото.
Поставете планирано полнење
Сакате да ја искористите пониската тарифа на струјата ноќе? Не заборавајте да поставите планирано полнење.
Проверка на статистиката и статусот на возилото
Проверете го нивото на батеријата и досегот за вашето следно патување.
150 L + 1396 L
Преден + заден багажник
750kg
Капацитет за влечење
Возилото како извор за полнење
Надворешен извор на струја
Практична употреба
Повеќе од паметен
Покрај исклучителните перформанси, MG MARVEL R може да го носи сето она што ви е потребно - без оглед на тоа дали е секојдневно нешто или викенд патување.
Преден и заден багажник
Зафатнината на багажникот е 357 L, а багажната врата се отвора широко, така што лесно ќе ги натоварите работите. Задните седишта се спуштаат 60/40, со што зафатинната на багажникот може да се зголеми до најмногу 1396L кога се спуштени. Предниот багажник има зафатнина од 150L. Од вашиот кабел за полнење до вашата актовка или куфер од 24 инчи - тука може да се смести сѐ.
Изобилство од место за чување на вашите предмети во возилото
Искористете го целосно внатрешниот простор, којшто има 5 прегради за телефони, 8 држачи за чаши и голем простор под лебдечката конзола. Задниот дел е простран и со приспособлива задна клупа и простор во потпирачот за раце.
Капацитет за влечење од 750 kg
MG MARVEL R има одобрен капацитет за влечење 750kg, па можете да пренесете сѐ што ви треба.
Возилото како извор за полнење
Технологијата Vehicle-to-load (дo 2400W) го прави MG MARVEL R уште попрактичен за да можете да ја користите енергијата од батеријата во секојдневниот живот.
Luxury
MG MARVEL R
- Бандаж од 19 инчи
- Греење и вентилација на предните седишта (по избор)
- Електрична багажна врата со виртуелен педал
- Внатрешен ретровизор со автоматско затемнување
- Спортски стил на седишта со вистинска кожа
- Камера 360°
- Бежичен полнач за телефони
- Амбиентално осветлување
${selectedSpecs.configuration.title}
${selectedConfigurationTitle}
${specification[0].colorTitle}
${specification[0]}