Веб-страница

Со оваа Изјава за заштита на личните податоци компанија Гранд Аутомотив Адриатик д.о.о. (во понатамошниот текст: „МГ Мотор„ или „ние/наш/а/е„) сака да го извести лицето од коешто собира, употребува и чува (со други зборови: обработува) лични податоци преку посебна веб-страница за презентација – mgmotor.mk. Наведените лица можат да вклучуваат деловни контакти, добавувачи, директори, агенти, потенциални купувачи и нивни претставници, вработени и/или акционери, како е применливо. Компанија МГ Мотор се квалификува како контролор на личните податоци за наведените активности на обработка. Во оваа Изјава го употребуваме зборот „вие„ којшто се однесува на секого во опсег на оваа Изјава.

Други услуги што ги нуди компанијата МГ Мотор можат да бидат предмет на посебна Изјава за заштита на личните податоци.

1. Личните податоци што ги собираме

Личните податоци се секоја информација којашто се однесува на физичко лице чиј идентитет е утврден или може да се утврди. Личните податоци ги употребуваме личните податоци за водење на нашиот бизнис, склучување договори и заштита на нашите интереси. Што се однесува до главната и посебните веб-страници, личните податоци ги обработуваме ако сами нам ги дадете или кога ги собереме од вас, на пример, во текот на вашето работење со нас или во текот на вашето користење на главната или посебната веб-страница.

Зависно од активноста на обработката, со вас поврзаните податоци што ги обработуваме можат да се состојат од: 

  1. име и презиме;
  2. име на фирмата;
  3. телефонски број;
  4. е-мејл адреса;
  5. адреса, град и држава;
  6. податоци во врска со вашата опрема, како што е ИП адреса (оваа информација не припаѓа секогаш меѓу личните податоци);
  7. податоци коишто се однесуваат на вашиот омилен модел, додатна опрема и тестно возење;
  8. податоци коишто се однесуваат на вашето користење на главната или посебната веб-страница.
  9. За да ви ги обезбедиме нашите услиги, треба да ни дадете одредени лични податоци.

Ако не ни ги дадете личните податоци што се означени како задолжителни на главната или посебната веб-страница, можеби нема да можеме да ви ги обезбедиме нашите услуги.

2.  Како можете да им пристапите на личните податоци

Пристапот до вашите лични податоци е огрнаичен. Во нашата организација вработените можат им пристапат на личните податоци само во случај на потреба.

Во некои случаји ги споделуваме вашите лични податоци со трети лица. Компанија МГ Мотор може да ги сподели вашите лични податоци со:

  1. внатрешни оддели што ги споделуваат во трансакциите во кои вие сте една од страните, посредно или непосредно, како што се Финансии, Продажба, Маркетинг, Работење;
  2. клиенти, добавувачи или пружатели на услуги на компанија МГ Мотор коишто делуваат како обработувачи на личните податоци или како контролори на личните податоци, како што се пружатели на веб-хостинг, пружатели на ИТ услуги и надворешни соработници, сметководители и адвокати;
  3. контролни органи и други владини органи заради придржување кон законските обврски;
  4. трети лица коишто ги споделуваат во одредени трансакции (како што се спојувања или аквизиции) врз основа на која нашето друштво се продава или пренесува, делумно или во целост;
  5. национални увозници за да се исполни барање за информации или организира тестно возење;
  6. локални концесионери за да се исполни барање за информации, предаде барана понуда или испланира тестно возење.
Вашите лични податоци ќе ги пратиме до горенаведените трети страни само за цел наведената во оваа Изјава за заштита на личните податоци и само во мера дозволена со важечките закони и прописи.

Трети лица до кои им ги праќаме вашите лични податоци сами се одговорни за ускладеност со важечките закони за заштита на личните податоци, освен ако делуваат како наш обработувач на личните податоци. Не одговараме за начинот на кој наведените трети страни ги обработуваат вашите лични податоци или се придржуваат кон важечкиот закон за заштита на личните податоци, под услов да делуваат како независен контролор на личните податоци.

3.  Меѓународни преноси на личните податоци

Во моментов не ги праќаме личните податоци до приматели надвор од Европскиот економски простор (ЕЕП). Меѓутоа, ако во иднина ќе ги праќаме вашите лични податоци надвор од ЕЕП, за тоа ќе бидете навремено известени. Во тој случај ќе  воспоставиме соодветни мерки за заштита на личните податоци. 

4.  Нашите законски основи за обработка

Според прописите за заштита на личните податоци ни е дозволено да ги обработуваме личните податоци само ако можеме да се потпреме на една или повеќе законски основи за обработка. Тие го вклучуваат следното:

  • Согласност - вашата согласност, ако е пропишана со законот.
  • Договор - обработка е неопходна заради извршување на договорот со вас/вашата фирма или на ваше барање да се преземат одредени чекори пред склучување на договорот.
  • Законска обврска - обработка е неопходна за извршување на задача којашто се извршува за јавен интерес.
  • Легитимни интереси - обработка е потребна заради нашите легитимни интереси или легитимни интереси на нашите трети лица. Ние или трето лице имаме легитимни интереси за ефективно и правилно спроведување, управување или адмнистрирање на нашето работење и за обработка на вашите податоци согласно со тие интреси. Наведените интереси меѓу другото ги вклучуваат и инфроматичката безбедност, контролата на трансакциите како што се понуди, тестни возења и маркетинг. Вашите податоци нема да ги обработуваме врз овој темел ако вашите интереси, права и слободи имаат предност пред нашите интреси или интереси на трето лице.

5.   Цели и законска основа за обработка на личните податоци

Компанија МГ Мотор ги обработува личните податоци за подолу опишани цели. Како што претходно е образложено, обработка во овој контекст може да го вклучува праќањето до трети лица и/или надвор од ЕЕП. Од време на време можеме да ги објавиме посебните известувања во кои се наведуваат (дополнителни) детали во врска со одредените процеси или програмите што ги развиваме. 

 

Цел  Законска основа
Подготовка и/или воспоставување и одржување на односи со вас или организацијата што ја претставувате, како со купувач или добавувач.
 Договор 
Законски интереси
Одговарање на вашите барања за инфорамции или барања. Договор
Законски интереси
Обезбедување физичка, системска и инфроматичка безбедност вклучувајќи ја безбедноста на нашата веб-страница. Договор
Законски интереси
Анализа на користење на нашата веб/страница вклучувајќи ги кликовите и другите податоци што се однесуваат на користењето на веб-страницата, во главно преку платформата Гугл Аналитикс. Законски интереси
Трасакции на друштвото/длабока анализа. Во текот на потенциалното спојување или преземање, вашите лични податоци можат да се дадат на потенциален купувач или инвеститор. Законски интереси
Решавање спорови, одбрана на правните барања, ускладување. Законска обврска
Законски интереси
Јавен интерес
Останете во тек со најновите информации за новото возило МГ ЗС ако сакате, така што ќе ни ја наведете својата е-мејл адреса, име и презиме и државата на престојување. Согласност (ако е применливо) 
Законски интереси
На вас или вашата фирма ќе ви праќаме брошури, маркетиншки информации или огласи преку е-мејл, пошта или телефон. Ќе ја бараме вашата согласнот до онаа мера што ја бара важечкот закон. Согласнот (ако е применливо) 
Законски интереси

Не сме вклучени во никакво автоматизирано донесување на одлуки без човечкото интервенирање коешто влијае на субјектите на личните податоци. 

6.   Вашите права

Должни сме да ве известуваме за исправка или бришење на личните податоци или ограничување на обработка.

  1. Право на пристап, што значи дека можете да го поднесете барањето за инфромацијата што се однесува на вашите лични податоци што ги обработуваме;
  2. Право на исправка на вашите лични податоци;
  3. Право на бришење на личните податоци што се однесуваат на вас;
  4. Право на ограничување на обработка;
  5. Право на преносливост на податоци, што значи дека имате право да ги добиете своите лични податоци во структурирана, вообичаена и стројно читлива форма и да имате право да ги пренесете тие податоци кај друг контролор на личните податоци.
  6. Право на приговор на одредени видови на обработка;
  7. Право на вложување на жалба за нашата обработка на личните податоци до надлежен контролен орган – ако не бидете задоволни со нашата обработка на вашето барање или приговор;
  8. Право на повлекување на вашата согласност, до онаа мера во која ја имате дадено.

Своето право, со исклучок точка (vii), можете да го остварите така што ќе ни го пратите барањето преку податоците за контакт што ќе ги најдете во оваа Изјава за заштита на личните податоци и само до онаа мера во која остварувањето на таквите права е можно согласно со важечкиот закон.

7.    Период на чување на личните податоци

Нема да ги чуваме вашите лични податоци подолго отколку што е потребно согласно со со целите наведени во оваа Изјава за заштита на личните податоци, освен ако на тоа не нè обврзува законот или прописите. Напомнуваме дека законските и подзаконските прописи можат да нè обврзат да ги чуваме вашите лични податоци (неспоредно или посредно) одреден период откако инфомрацијата ја изгубила својата важност, за даночни цели и цели на корпоративно право.

8.     Измени на оваа Изјава за заштита на личните податоци

Од време на време можеме да ја измениме или ажурираме оваа Изјава за заштита на личните податоци за да бидеме сигурни дека сите информации се ажурни. Ако направиме материални измени во Политиката, ќе ве известиме за тоа и ќе ја бараме вашата согласност за таквите измени, а истите може да бидат неопходни заради законските одредби.

9.     Контакт

Доколку имате било какви прашања или коментари за оваа Изјава за заштита на личните податоци и/или обработка на вашите лични податоци, јавете се на mg@grandautomotive.hr.

Пронајдете трговец

Продажен салон на трговска марка
Сервис